Рама: Албанија е колатерална штета на бугарско-македонскиот спор

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Франс 24 ја опиша како „апсурдна“ ситуацијата во која се наоѓа неговата земја на патот кон отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.



„Да, ние сме во многу апсурдна ситуација, да ви кажам право, затоа што во моментов Албанија е колатерална штета на конфликтна ситуација меѓу Бугарија и с.Македонија, откако доби зелено светло не само од Комисијата, туку и од Европскиот совет“ вели Рама.

„Бугарија извади од џеб барања од историски и идентитетски карактер кон с.Македонија и процесот останува блокиран, бидејќи како што знаете, Европскиот совет лесно се блокира само со вето на една негова членка“ потсети тој.

Според него, „ниту Франција, ниту Германија немаат моќ да влијаат врз Бугарија… Ова го прави процесот уште покомплициран, бидејќи меѓу нас и ЕУ се јавува прашање, кое е билатерално меѓу Бугарија и с Македонија“, вели Еди Рама.