Тројца загинати во пожар во ковид одделение во бугарскиот град Сливен

Загинаа тројца пациенти на ковид-оддделението во болница во бугарскиот град Сливен.



Во 2.39 часот бил примен сигнал за пожар во болницата, испратени биле две екипи на пожарникари, при што било констатирано дека гори целиот кат каде биле згрижени пациенти со коронавирус.

Кога пожарот бил изгаснат, две лица биле пронајдени мртви на лице место, а третото со возило на брза помош е пренесено во Пловдив, но пациентот подоцна починал. Загинатите мажи се на возраст од 66, 70 и 81 година. БГНЕС