Боби Бобев, поранешен бугарски амбасадор во Тирана и во Приштина, со нов студен туш за Зоран Заев и за пишман-аџиите од албанскиот политички блок што се потпишаа за интерпелација на неговата влада, а се откажаа од неа со објаснување дека се очекувало откочување на евроинтеграцијата на Македонија веќе следниот месец.
„Не е реално до 14 декември да се реши спорот меѓу Бугарија и РС Македонија. Роковите се прекратки“, изјави тој за бугарската телевизија Нова.
Според него, Албанија и Македонија се поврзани како кандидатки за членство во Европската унија.
„Никој никаде не го сфаќа сериозно разделувањето на овие две земји“, додаде Бобев.






