Ново размешување на картите за наследник на Заев во СДСМ

Дане Талески, Петре Шилегов и Стефан Богоев, се имиња кои од партиските кулоари на СДСМ се споменуваат како можни наследници на претседателот на владејачката партија, Зоран Заев, дознава ТВ21.



Заев се повлече од функцијата, но засега оставката ќе му мирува, додека не се формира стабилна власт, односно мнозинство во Собранието.

Талевски е секретар за меѓународна политика на СДСМ и координатор за НАТО на Македонија. Шилегов и Богоев беа доскорешни градоначалници на Град Скопје и Општина Карпош.