Во Бугарија трае изборен молк пред утрешните избори на кои се гласа за пратеници во пралментот но се бира и претседател на државата. Ова се трети избори за една година, откако претходно никој на парламентарни избори не успеа да состави Влада.
Во предизборната реторика засилено беше присуството на теми поврзани со Македонија.
„Не гледате што кажа Емануел Макрон дека до декември Скопје треба да ги почне преговорите. ЕК ќе не принуди да отстапиме од нашите ставови и тоа поради Радев. Румен Радев е голема штета за државата. Тој ги раздели партиите и сега имаме ситуација анти-Радев и про-Радев и анти-Борисов и про-Борисов“, изјави неодамна Бојко Борисов.
За аналитичарите, формирањето Влада нема да биде лесно, но сметаат дека не може по трет пат да се остане без Влада.
Бугарскиот претседател Румен Радев е најголемиот фаворит за победа на претседателските избори. Главниот конкурент на Радев е Анастас Герџиков со поддршка од 23,5 проценти. Тој е поддржан од партијата ГЕРБ на поранешниот претседател Бојко Борисов. Зад нив е Мустафа Карадаја од Движењето за права и слободи со популарност од 7,1 проценти, а потоа кандидатот на Демократска Бугарија Лозан Панов со 6,8 проценти.





