Алтернатива ќе даде четири пратеници, СДСМ две министерски места

СДСМ најверојатно ќе мора на своја сметка да му даде две министерски места на Алтернатива за тие да станат дел од новото владеачко мнозинство во Собранието, објави 24 Вести.



Алтернатива има четири пратеници, а јасно е дека не се за предвремени парламентарни избори. Две министерски места за Алтернатива треба да ги отстапи СДСМ, додека ДУИ ќе ја задржи својата бројка на ресори.

– Сега за сега сме опозициска партија и не водиме никакви преговори за било какво приклучување во Влада. Активно ја следиме ситуацијата и согласно новите предизвици деновиве што следат ќе се произнесеме, гласи одговорот од „Алтернатива“ што го доби ТВ24.