„Поранешниот министер за финансии Севдет Хајредини напиша на општествената мрежа фејсбук еден многу интересен коментар, кој се однесува на последните случувања на политичката сцена во Македонија: ако сакал лидерот на Левица Димитар Апасиев да биде дел од мнозинството, тогаш тоа ќе го прифател и премиерот Заев “ – пренесува информативниот портал на албански јазик „ин7“.
Порталот ја пренесува објавата на овој политички аналитичар на неговиот фејсбук – профил:
„Да сака Апасиев, Заев сигурно со него би го зголемил мнозинството.“
„Според Хајредини, со ова паѓаат во вода сите ‘врескања’ на ДУИ против партијата Левица, чуени овие денови. Хајредини алудира на тоа дека ДУИ не би имала воопшто проблем со тоа да седне во Владата со Левица, но е прашање е дали Левица сака, или не сака, да биде дел од власта.“ – коментира „ин7“ на крајот на својата вест.





