„Мекулипрес“: „Самоопределување со поддршка за албанската опозиција да ja урне ДУИ од власт!

„Владејачката политичка партија Движење Самоопределување во Косово, чиј претседател е актуелниот премиер Албин Курти, ги поддржува албанската опозициска коалиција Алијанса на Албанците – Алијанса, но и Беса, во поглед на нивните активности да ја урнат ДУИ од власта во Македонија.“ – ова го изјавил функционер на оваа владина партија во Косово за информативниот портал на албански јазик „Мекулипрес“, под услов да се запази неговата анонимност“ – се наведува во статијата на „Мекулипрес“ со наслов „Во Самоопределување ја поддржуваат коалицијата Алијанса на Албанците – Алтернатива, не поделбите“, која ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пренесува: „Движењето Самопределување ги следи случувањата во Македонија. Функционери на оваа партија велат дека не сакаат да се огласуваат со јавни произнесувања, поради нивното владино позиционирање и оти раководат со државните институции на Косово, бидејќи тоа ќе претставува мешање во внатрешните вработи на една држава.“



„Но, еден функционер на Самоопределување, под услов да се запази неговата анонимност, изјави за ‘Мекулипрес’ дека соработката на Самоопределување на политичко рамниште била и останува со партиите Алијанса на Албанците и Алтернатива, но и со Беса, бидејќи тие во континуитет имале меѓусебни средби и комуникации, вклучувајќи и на рамниште на лидери. ‘Ние како Движење Самоопределување имаме партнерство со овие политички субјекти. Посебно ја цениме поддршката и нивното позиционирање во врска со изборите кај нас во Косово. Имаме преференции и не изостана ниту нашето присуство во изборната кампања на локалните избори и таму, во Македонија. Посакуваме овие политички субјекти да го задржат единството и заедно да ја донесат промената.’ – вели функционерот на владиното Движење Самоопределување.“

„Според него, не може да се разбере отцепувањето на Алтернатива од Алијансата на Албанците и создавањето удобност во власта на ДУИ. ‘Не можам да верувам, еден ден се обидуваат да ги урнат ДУИ од власта, а сега се обединуваат. Верувам дека нивниот електорат не го сака ова и тоа е многу штетно.’ – нагласи функционерот на Движењето Самоопределување во изјавата за ‘Мекулипрес’, од услов да остане анонимен.“ – објави ИНА.