Трајковски од Time.mk: Ќе почнеме преговори со ЕУ кои никогаш нема да завршат

Сопственикот на агрегаторот на вести time.mk Игор Трајковски со своја анализа на тоа што може да се случи по самитот на ЕУ во декември доколку Македонија добие датум за преговори.



Трајковски смета дека на секое почнување на сите 35 поглавја Македонија ќе ги има сличните проблеми како сега.

“Ќе почнеме преговори во декември кои никогаш нема да завршат. Колку што тешко почнуваат со датумов, така ќе се гњавиме за секое отварање на поглевје од преговорите а ги има 30+. Не велам треба, ни дека е ок, но најверојатно така ќе биде”, пишува Трајковски.