Лидерот на БЕСА Касами го исклучи од партијата пратеникот Реџепи

Лидерот на БЕСА го исклучи од партијата пратеникот Реџепи кој исчезна пред вчерашното гласање.



“Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи кој не се појави во Собранието за да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со кој постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и имиџот на партијата, Движењето БЕСА, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните одредби, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето БЕСА, го исклучувам споменатото лице од сите партиски функции и од членството на Движењето БЕСА.
Оваа одлука стапува во сила веднаш”, објави лидерот на БЕСА Билал Касами.