„…Апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно“, напиша Реџепи на неговиот приватен профил на социјалната мрежа, денеска.



Потпретседателот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, во четвртокот „исчезна“ и не се појави во парламентот, веројатно попишманувајќи се за соборувањето на Владата на Зоран Заев и СДСМ, откако пред петнаесеттина дена на Facebook објави дека Движењето Беса е подготвено за нова Влада без ДУИ сега порачува кога ќе се појави во јавноста да објасни се’:

„Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за сѐ. Во однос на медиумите и интересот ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција“, најави Реџепи.

Пораката очигледно е во врска со разочарувањето во БЕСА од претеникот чие „исчезување“ г пријавија и во полиција.

Денеска ААријанит Хоџа, актуелен министер во постојнава валада најави оставка од функцијата.

Синоќа, парламентарнииот спикер најави дека е можно, пратеникот на БЕСА, да се приклучи на вледејачкото мнозинство.