Тито Петковски, во интервју за „Утрински брифинг“, вели дека клучен момент во „премислувањето“ на пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепии, да не се појави на гласање за недоварба на владата, била посетата на холандскиот амбасадор Марк Руте на Македонија, кој пред два дена одржа состанок со премиерот Зоран Заев.
„Во овој момент алармот ја крена совеста на членките на ЕУ. Не случајно дојде холандкиот премиер Руте. Самото негово присуство покажа дека нешто позитивно се случува во ЕУ, но секако се и исплашени да не тргне работата на друга страна. Ако не добиеме датум на отпочнување преговори ќе има повторно разочарување, но ЕУ се мобилизира“, коментира Петковски.







