„Нема алтернатива и е неприкосновено пријателството со САД, ЕУ, но и со земјите од регионот, по ниеден услов и во ниедна околност. Денес преовладеа совеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, за правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната прозападна иднина. На нашата земја и треба повеќе безбедност, поголема стабилност и целосна политичка предвидливост. Не може да има место овде негирањето на Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, но и на НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик. Нема да постапуваме ниту со емоции, ниту со еуфорија. Заедно засекогаш!“, напиша Ахмети на Фејсбук“ – пренесе информативниот медиум на албански јазик „Порталб“.
„Оваа реакција на Ахмети дојде по неуспехот на гласањето за недоверба на Владата. Ова барање го покренаа пратениците на македонската и албанската опозиција. Но, опозицијата немаше еден глас и затоа се повлече, барајќи предвремени парламентарни избори.“ – објави „Порталб“.





