Вознемирениот координатор на СДСМ го обвини Мицкоски дека седи со анти-ЕУ структури кои сега се во владата на Заев (ВИДЕО)

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека седи на иста маса со Анти – ЕУ и Анти НАТО партии.



Со тоа пратеникот на СДСМ ја обвини за анти ЕУ и Анти НАТО и партијата БЕСА, инаку дел од актуелната владеачката коалиција на Заев.

После подолг период господинот Христијан Мицкоски пред нецел час кажа една голема вистина, тоа е дека ова постоечко парламентарно мнозинство ќе расте, изјави Митревски упатувајќи лични навреди кон Мицковски.

“Се она што денеска се случува во Собранието е резултат на лагите на докажаниот губитник Христијан Мицкоски.

Токму Мицкоски ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање недоверба на Владата.

За овој негов неуспех, Мицкоски да не бара алиби и да не ја префрла одговорноста кај било кој.

Само тој си е виновен и може на себе да си се лути, да му се гади и слично.

Само за власт и за ништо друго, тој седна на иста маса со анти НАТО и анти ЕУ структури, партии кои се против концептот Едно општество за сите.

Кај нив нема приниципи, нема политики, нема никаква понуда за граѓаните, за државата”, изјави Митревски чија појава укажува на длабока вознемиреност од ситуацијата.

Видеото

https://www.facebook.com/148427235188637/posts/4804751369556177/