ЕУ не потврдува дека нивни дипломати му се јавиле на Реџепи да се откаже од гласање за пад на владата

Европската унија не потврдува дека нивни дипломат се јавил кај пратеникот Кастриот Реџепи од Беса и му кажал да не гласа за недоверба на владата бидејќи Македонија ќе добие датум за преговори.



Ги гледиме тековните случувања-изјавила портаролот на ЕК Ана Писонеро за „Република“

Ова е „опширниот“ одговор на Европската Унија за образложението на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи кој денеска не се појави на денешната седница на која требаше да се гласа за недоверба на владата, пишува порталот.

„Република“ ја прашала портпаролката на ЕК Ана Писонеро дали е точно дека пратеникот на Беса од високи дипломати на ЕУ добил сигнали дека Македонија ќе добие датум за преговори и оти затоа не се појавил во Собранието. Ја прашавме Писонеро кои се тие димпомати и дали навистина ќе почнеме преговори.

На сето ова од неа од порталот добиле одговор дека ја следат ситуацијата.

Повеќе

https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-ne-posochuva-deka-imalo-diplomat-koj-se-javil-kaj-kastriot-redzepi-da-go-ubeduva-da-ne-dojde-vo-sobranie/