Пратеник на БЕСА се откажа од пад на Владата, важна била европската интеграција

Пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи кој е потписник на иницијативата за пад на владата во објава на Фејсбук напиша дека не гласа за рушење на Владата на СДСМ-ДУИ.



„Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движење Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција на РМ. Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно ќе одлучува за почеток на преговорите за членство во ЕУ, решив да не присуствувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука што ќе ја доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и потопување во бурните води полни со непознаници“, напиша Кастриот Реџепи, пренесува ШЕЊА.