„Граѓаните ќе бидат послободни од притисоците на оваа антидемократска и антиграѓанска власт“, изјави денеска лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.
Владата ќе падне, одговори Села на прашањето кои се очекувањата од денешната собраниска седница на која треба да се гласа доверба на Владата.
Во Собранието денеска во 11 часот ќе почне седницата на која ќе се гласа за доверба на Владата предводена од Зоран Заев. Иницијативата ја поднесоа опозициските пратеници.







