Фокус: Финасиска полиција негира дека упаднеле во дом на пратеник

„Не е точно дека е упаднато во домот на пратеникот Јаулески. Точно е дека утринава имавме претрес, во дом во Скопје, но не сме зналеле дека тоа е домот на таткото на пратеникот. Претресот е извршен со наредба од суд, а во соработка со Обвинителството, неофицијално коментираат од Управата за „Фокус“.



Утринава, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, на социјалната мрежа фејсбук објави дека во неговиот дом упаднала Финасова полиција. Од Управата за финансиска полиција пак коментираат дека не е точно дека упаднале во домот на пратеникот.

„Фокус дознава дека таткото на пратеникот е вработен како раководител на секторот за јавни набавки во ЕВН.

Од Управата за финансиска полиција велат дека нaскоро ќе излезат со официјално соопштение за случајот.