Претседателот Стево Пендаровски, кој неодамна во Глазгов имаше средба со американскиот претседател Џо Бајден, во гостување во ТВ21 ексклузивно откри што разговарале на кусата средба.
„Имав 2-3 минути со Бајден, и помислив на кој начин да го искористам да не мапира нас, затоа што тие се толкава сила, а ние сме една од најмалите држави.
Јас му пристапив со една речница: Јас сум претседател на државата која единствена во Светот го смени своето име за да влезе во НАТО.
Бајден рекол дека го почитуваат тој факт.
„Ме праша како се одвиваат работите кај нас во регионот. Му споменав дека ЕУ и САД не се доволни присутни во регионот, и поради тоа, други екстра регионални сили го потполнуваат тој стратешки вакуум“, раскажа Пендаровски за ТВ 21.






