Скот Ферламб, кој беше снимен како удира полицаец за време на нападот на американскиот Капитол на почетокот на оваа година, во средата доби затворска казна од 41 месец.



Станува збор за најстрогата казна изречена во речиси 700 кривични случаи покренати откако приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп го нападнаа Капитол на 6 јануари оваа година, не прифаќајќи го неговиот изборен пораз.

Ферламб е снимен како вика по полицајците пред да турне еден од нив и да го удри со тупаница по лицето. Тој ја призна вината во август.

Судијата истакна дека оваа казна ќе биде репер за повеќе од 120 лица обвинети за напад на полицијата за време на нападот на Капитол од страна на илјадници поддржувачи на Трамп.