Со претседателот Стево Пендаровски, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатиравме и за косовското прашање, односно за односите со Белград, поради што Кристофер Хил доаѓа во Белград.
Пендаровски кажа дека Косово нема да биде повеќе приоритет за САД како што било во 1999 година. Ова го кажа на прашање дали на Вашингтон е од корист побрзо да се заврши косовоското прашање.
„Нека не ми замерат колегите, но Косово како такво одамна е излезено од радарот на американските приоритети. Косово не е приоритет на американската надворешна политика, и нема да биде никогаш повеќе како што беше 1999 година“, рече Пендаровски.






