Специјалниот пратеник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, го оценува како невозможна мисија настојувањето на бугарската страна за вклучување на Бугарите од Македонија во нејзиниот устав.



„Изјавите на македонските Бугари треба да се анализираат и со сериозно почитување на нивниот впечаток да се пробаат конкретни решенија за отворените прашања што ги нудат и ако не се реални да ги отфрлиме или евентуално во некои случаи да ги спречиме. Но, барањето на бугарската страна за промена на Уставот и нивно внесување во преамбулата, во овие околности, е невозможна мисија во Македонија, меѓу другото и поради потребата од двотретинско мнозинство“, изјави поранешниот македонски премиер за бугарската агенција БГНЕС.

„Мислам дека ако некој испрати сигнал дека сме подготвени да го направиме тоа, значи дека не е искрен во своите намери да се најде решение. Треба да се бараат други решенија, но и тоа што ни го испраќаат како забелешка треба да се почитува. Треба исклучително професионално, независно од политичката криза во која паднавме, да ги провериме сите овие тврдења и врз основа на нашите официјални аргументирани одговори да продолжиме да градиме доверба. Мислам дека малку недостига за да направиме пресврт. Сите очекувавме тоа да се случи по изборите во Бугарија, но никој не претпостави дека можеме да паднеме во толку длабока политичка криза“, додаде Бучковски.