„Журнал“: Пратеник – Турчин им го врти грбот на СДСМ и Заев и ќе гласа за уривање на Владата

„Еден од двајцата пратеници – Турци во Собранието на Република Македонија им го врти грбот на коалицијата со СДСМ и на Зоран Заев. Се очекува тој да гласа утре за уривање на Владата, со што бројката на пратеници, кои ќе се изјаснат за недоверба кон неа се зголемува на 62 пратеници.“ – јави информативната агенција на албански јазик „Журнал“, повикувајќи се на свои „сигурни извори“.



„Журнал“ пишува: „Името на овој пратеник и е познато на нашата редакција, но сме замолени да не го објавиме. Нашите извори велат дека СДСМ и ДУИ вложуваат напори во меѓувреме, да убедат некои пратеници да не гласаат за оборање на Владата. Завршниот резултат ќе се види утре на полноќ, во 24 часот, за кога се очекува гласањето за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев“.