„Сите нејаснотии се разјаснети. Според сите изгледи, утре ќе биде урната Владата на Заев.“ – нагласува информативниот медиум на албански јазик „ин7“, известувајќи дека „денес попладнето е поднесена нова ревидирана листа со имиња на пратеници за гласање недоверба на Владата Заев 2“.
Инаку, од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека на новата листа од тактички причини ги нема потписите на неколкумина пратеници, кои биле на претходната листа.





