„ИН7“: САД не прифаќаат Влада со тројца на црната листа – меѓународните фактори се откажаа од Заев и Ахмети

„По длабокиот пораз на Зоран Заев на локалните избори и по сигналите, кои ги испрати ДУИ за помош до меѓународните фактори, откако им се разнишаа фотелјите, сега како никогаш досега постои молк од страна на меѓународниот фактор во Македонија. Познавачите на надворешната политика оценуваат дека ова е сигнал на меѓународните пријатели дека тие веќе кренале раце од двоецот Заев – Ахмети и од Владата, во која учествуваат дури три лица на американската ‘Црна листа“. – вели информативниот портал „ин7“ во својот коментар во врска со политичката ситуација во Македонија. Коментарот е со наслов „САД не прифаќаат Влада, која во својот состав има лица на ‘Црната листа’ / Владата на Заев со рекорд: три лица на ‘Црната листа“.

„Ин7“ пишува: „Американската администрација на чело со претседателот Бајден го сфаќа сериозно прашањето на ‘Црната листа’, што се однесува до борбата против криминалот и тероризмот, особено против криминализираните политичари. Уште на почетокот на својот мандат Бајден ги заостри мерките особено во врска со политичките актери, кои доаѓаат од Балканот и кои влегуваат на територијата на САД: ставајќи им јасно на знаење дека нималку нема да бидат толерирани криминализираните политичари, или оние политичари кои имаат врски со криминалот.“

„Владата на Македонија, раководена од Зоран Заев, бележи рекорд што се однесува до бројот на лица на ‘Црната листа’. Лидерот на ДПА Мендух Тачи и партнер на Заев со години е на американската ‘Црна листа’. Другиот партнер на Заев, кој е дел на оваа листа, е Љубе Бошковски. Пред извесно време Заев како свој личен советник го имаше назначено и Џезаир Шаќири, уште едно лице од таа ‘Црна листа“.

„Последниве денови Македонија влезе во политичка криза по локалните избори и по длабокиот изборен пораз на Заев. Заев најави оставка, а опозицијата собра 61 потпис за негово разрешување. Тресењето на фотелјите особено ја загрижи владејачката албанска партија, ДУИ на Ахмети. Од оваа партија велат дека партиската агенда не е важна, туку оти сега е важна иднината на државата, испраќајќи сигнали за помош од меѓународните чинители.“

„Но, како никогаш досег постои молк од страна на меѓународниот фактор во Македонија. Познавачите на надворешната политика оценуваат дека ова е сигнал на меѓународните пријатели дека тие веќе кренале раце од двоецот Заев – Ахмети и од Владата, во која учествуваат лица од американската ‘Црна листа“. – заклучува „ин7“ во својот коментар.