Објаснување од Хрватска: Не е виновен Заев, со убаво го замолиле другарите

По низата шеги на сметка на промената на одлуката за оставка на премиерот во заминување Зоран Заев и од регионот почнаа иронични коментари за несериозноста на шефот на владата во Скопје.



Хрватскиот новинар и експерт за енергетика Иван Бродиќ на шега вели дека Заев не се повлекува затоа што го замолиле сопартијците.

“СДСМ ја одложи неотповикливата оставка на @Zoran_Zaev. Ништо чудно, така ја одложија и одбраната на уставното име, тогаш … Не е Заев крив, убаво го замолија другарите;)”, пишува иронично Бродиќ кој одлично ги познава состојбите во Македонија.