Инфлација: Ланската плата вреди 1.000 денари помалку

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат раст на цените, а истите работи кои лани чинеле колку една плата, сега чинат 1.000 денари повеќе.



Ако лани ова време сте трошеле 24 илјади денари, сега за истите работи ќе треба да потрошите 1000 денари повеќе. Според Државниот завод за статистика, трошоците за живот во октомври годинава се за 4,1 отсто повисоки од истиот месец лани. Храната е поскапена за 4,6 проценти, а транспортот за 18 отсто. На пример, маслата се поскапени за 25 отсто, зеленчукот за 12 отсто, а гасот и горивата за над 30 проценти.

Сепак, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од август лани до август годинава просечната плата пораснала за 4 отсто, односно за 1.100 денари, од 27.535 на 28.642 денари.

Народната банка очекува инфлацијата годинава да биде 3,1 отсто.