Тројца советници од ДУИ поднесоа оставки во Советот на Кичево!

„На првата седница на новиот состав на Советот на општина Кичево неочекувано тројца советници од ДУИ поднесоа оставки. Меѓу нив е и носителот на советничката листа на ДУИ доктор Газменд Јусуфи. Оставки дадоа и докторот Ќемал Рушити и професорката Џика Јахоја. Сите тројца советници рекоа дека единствена причина за нивната оставка се професионалните обврски.“ – јави ТВ 21 во својата информација со наслов „Тројца советници на ДУИ во поднесоа оставки во Советот на општина Кичево! Но, зошто се кандидираа? Колку само да соберат гласови?“



ТВ 21 пишува: „Кога прифатија да бидат на советничката листа, дали овие советници сега веќе во оставка знаеја дека освен професионална посветеност ќе имаат и посветеност кон народот како избрани советници!? Го прашавме носителот на листата на ДУИ Газменд Јусуфи: дали причината за неговата оставка е политичка, или тој прифатил да биде на листата само за да собере гласови?“

„Јусуфи одговара: ‘Причините воопшто не се политички. Единствена причина е мојата професионална посветеност. Ние сме ангажирани во Скопје и со време ќе се види дека ние не можеме да се враќаме овде.“

„Од ДУИ велат дека според регулативата на Советот, овие имиња ќе бидат заменети со следните 3 советници кои се најдоа на листата: Тефик Лутфиу, Сибел Туфекџи и Арѓент Асани. За претседател на Советот на општина Кичево од редовите на ДУИ е избран Скендер Џабири, предложен од советникот на СДСМ, Иван Божиноски. Претседавачот на советот беше изгласан со 12 гласа за и 11 против. ДУИ во овој состав на Советот го има мнозинството од 12 советници, заедно со СДСМ и советникот на „Движењето определено за промени“.

Информативната агенција на албански јазик „Журнал“ го пренесе и другиот дел од одговорот на Газменд Јусуфи на прашањето во врска со причините за нивната оставка на советничките функции: „Сите кандидати на ДУИ за советници имаат иста вредност и кој и да не замени нас, тројцата советници, посветено ќе ја врши работата.Да не се почувствуваат нашите гласачи разочарани. Списокот на Демократската унија за интеграција за советници се појави пред народот. Пред да излезе пред народот таа листа ја контролираше големиот господин Али Ахмети.“