Вечерва по партискиот состанок кој го напушти со обезбедување премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во однос на одложувањето на оставката, вели дека се работи за времено одложување за да се направи обид да се сочува парламентарното мнозинство.
„Дефинитивно се работи за времено одложување заради обид да се сочува парламентарното мнозинство на страната на СДСМ“, порача Заев.
Каква врска има парламентарното мнозинство со неговата оставка од премиерската позиција тој не објасни.
Пред СДСМ Заев го пречекаа само два медиуми на албански јазик.
Видеото со изјавата
https://www.facebook.com/673190229477851/posts/2424338711029652/






