IN7: ДУИ ја втурнува земјата во енергетска криза! – Струјата поскапува поради неспособниот Бектеши!

„ДУИ ја втурнува државата во енергетска криза! Поскапувањето на електричната енергија се случува како последица на неспособноста на министерот за економија од редовите на ДУИ Крешник Бектеши!“ – истакнува информативниот портал на албански јазик „ин7“ во својата статија во врска со најновата ситуација со електричната енергија во Република Македонија.



„ин7“ пишува: „Најавеното поскапување на струјата е резултат на лошото управување со состојбата од страна на министерот за економија Крешник Бектеши. Тој продолжува да манипулира со состојбата со енергетската криза, наместо да дава конкретни решенија. РЕК Битола има 40 илјади тони јаглен, кои, според експертите, се доволни само за 4 работни денови. Но, министерот Бектеши нагласува дека се доволни за 8 работни денови. Од друга страна, во РЕК Битола производството на струја започна само во еден блок, додека за другите два блока се уште останува нејасно дали тие воопшто ќе функционираат оваа зима.“

„Се уште е нејасно кога ќе почнат да работат ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј, додека после нова година се очекува енормно поскапување на струјата. Министерот за економија Крешник Бектеши се обидува да ја релативизира ситуацијата обидувајќи се да ја покрие својата неспособност додека во државата продолжуваат поскапувањата во секој сектор!“