Во низата шеги на сметка на премиерот во заминување кои се случуваат на социјалните мрежи посебно се истакнува таа на новинарот на Алфа Матеја Петровски, познат како човекот кој во живо посведочи на изјавата на Заев за “Суетниот новинар и да ми прости ЛГБТ заедницата еден педер”.

“Господинот Заев не ја одложува оставката ради себе, едноставно не можеше таква болка да му нанесе на Ненад Јовановиќ”, пишува во својата шега Матеја Петровски.
Јовановиќ чија сопруга е вработена по негова интервенција кај СДСМ Кавадарци е еден од најжестоките апологети на Заев заедно со Тричковски и Саше Политико.
Предходно во сличен стил шега на сметка на Заев направи и Љупчо Златев.






