Чудно: Државна фирма купила за 84 евра по мегаватчас поевтина струја од ЕСМ

Битолски „Водовод“ од почеток на ноември плаќа по 127 евра за мегаватчас, а државниот производител на струја, на последниот тендер, купи струја по просечна цена од 211,5 евра за мегаватчас, објави Фактор.мк.



Битолското јавно комунално претпријатие „Водовод“ ќе плати 127 евра за еден мегават час струја во периодот од први ноември годинава до 30 април вгодина. Електричната енергија е набавена од компанијата за снабдување „Солар Про Холдинг“. За оваа набавка битолското јавно претријатие од својот буџет ќе плати вкупно 438.150 евра. Со тие пари ќе бидат набавени вкупно 3.540 мегаватчасови електрична енергија, пишува порталот кој пренесува дека според достапни податоци од Бирото за јавни набавки од објавен тендер за 2019 година, ова јавно претпријатие набавило струја по цена од 67 евра за мегаватчас според податоците достапни на следниот линк:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/074181e0-6428-424e-ad1e-3ddcd6041f60

Деталите на овој линк