„Во недела, 14.ноември, ќе се одржи третиот круг на локалните избори во Дебар. Ова е единствената општина каде што се уште не е избран претседател, бидејќи на 1.ноември имаше прегласување на едно бирачко место, кое не го одреди победникот на овие избори: според многу проценки на д-р Беким Поцеста му недостасуваа околу 10 гласови за да прослави победа. Одлуката ќе се донесе на 14 ноември.“ – пишува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата статија со наслов „Дебарчани на ДУИ го молат Артан Груби да им донесе победа како во Тетово и Гостивар“, низ иронија потсетувајќи на дебаклот во кампањата и на самите локални избори, што го доживеа Демократската унија за интеграција, поради тотално неуспешната стратегија на идејниот творец на таквата кампања – Артан Груби со своето музичко „рапување“ облечен во зелените патики.
„Журнал“ пишува: „Сега дебарчаните на ДУИ со нетрпение го очекуваат активирањето на Артан Груби. Очекуваат првиот владин потпретседател да ги облече зелените патики, да излезе на терен и да жнее победа. Очекуваат со помош на Груби да победат, исто како што победија во Гостивар и Врапчиште, каде што Груби играше ‘оро’ со зелените патики. Очекуваат со помош на Груби да победат во Дебар, како што победија во Тетово, Желино и Студеничани. Зелените патики на Груби, сигурно, ќе му донесат среќа на Хекуран Дука, противкандидатот на Беким Поцеста на гласањето на 14.ноември, како што им донесоа среќа на Бејта во Гостивар и на Теута Арифи во Тетово.“
„И не само толку. Активистите на ДУИ во Дебар очекуваат заедно со Груби во нивната општина да слетаат и новинарите и порталите блиски со Груби, со кои тој пожнеа успех во Тетово, Гостивар, Врапчиште, Желино и Студеничани. Написите и анализите на овие портали без сомневање ќе им ги наполнат умовите на дебарчани да гласаат за Хекуран Дука, но не за бројот ‘6’, како што им го имаа наполнето умовите на гласачите во Тетово и Гостивар и Желино.“





