Фудбалерите на Вардар доживеаја уште еден пораз во групната фаза од Лигата на Европа. Розенборг славеше со 3-1 во второто коло од Л составот, а впечаток е дека на Леркендал стадионот во Трондхајм можеше да биде поинаку ако на почетокот имавме малку повеќе среќа.
Дејан Блажевски уште во 4 минута го погоди дирекот по извонредниот шут што го упати од косо и од голема далечина по што Норвежаните спасија глава, воспоставија контрола, а и поведоа уште во првиот дел. Муслиу тргна посилно, а Розенборг доби пенал што Никлас Бентнер го искористи во 25 минута. Вардар по негативата успеа да воспостави рамнотежа, но наместо наши шанси домаќинот удвои. Еврогол на Кондратсен во 56 минута по што немаше враќање. До крајот Розенбор погоди уште еднаш преку Хаденстад во 68 минута, а се што. Вардар успеа да стори до крајот е да го направи поразот поподнослив, а тоа ни го овозможи Фелипе со предубавиот гол во 91 минута.
https://youtu.be/skbd_W38LSg
На крајот Розенборг-Вардар 3-1 и ако има нешто добро тоа е што конечно погодивме во групната фаза од Лига Европа. И сега сме на дното во конкуренцијата 12 без освоен бод зад Розенборг и следниот противник Реал Сосиедад кои имаат по 3 и зад Зенит кој по славјето со Шпанците од 3-1 е осамен на врвот со 6 бода.




