Неколку прашања за Алтернативата ако не ја урне ДУИ – постави уредникот на телевизија „Шења“.
„– Како ќе можете да ги погледнете во лице вашите активисти ако дозволите ДУИ да остане на власт и владее со вас?
– Како ќе го покриете срамот кога шест години им кажувате дека оваа партија е најголемото зло на Албанците?
-Како ќе можете да погледнете во очи на членовите на вашето семејство, пред две недели ги убедивте дека треба да гласаат за вас со тоа што им кажавте дека сакате да ја отстраните ДУИ од политичката сцена?
-Како ќе можете да се оправдате пред оние кои овие шест години колку постоите на политичката сцена ги доживеаја најтешките притисоци од ДУИ само за да ве поддржат?
– Како ќе можете да видите во лицето на младите момци и девојки кои биле исклучени од било кое натпреварување, само затоа што се блиски до вас?
-Како ќе го оправдате криминалот и убиствата што се случија за време на ДУИ и како преку овие обвинувања собиравте гласови?
-Како ќе им објасните на Албанците од Чаир кои ви дадоа 10 илјади гласови, велејќи им дека ДУИ е најлошата опција за Албанците?
-Како ќе го покриете тоа што токму во времето на оваа власт се случи најголемиот срам на сестрите Албанци во случајот „Монструм“?
– Како би го објасниле фактот дека токму под раководство на оваа партија се случи најголемата трагедија во тетовската болница?
-Како ќе го објасните фактот дека токму во времето на раководството на ДУИ над 200 илјади млади луѓе беа протерани од своите домови?
– Како би ги убедиле луѓето да веруваат дека сте сериозна партија по ваквото делување ?
Има многу такви прашања… и списокот продолжува и продолжува, но едно е сигурно, вие веќе шест години повикувате на сосема други принципи. Не правете грешка која нема да ви биде простена!
Затоа, утре пред седницата на Централното собрание нека мислат сите членови дека треба да имаат лице за да се појават прво пред своите семејства, а потоа и пред другите. Тоа е тоа“ – пишува уредникот на телевизија Шења, Исмаил Синани.






