Меѓу првите кои реагираа по веста за создавање на новото парламентарно мнозинство беше Шкодране Дардишта, член на управниот одбор на Телеком.



Таа во објава на Фејсбук напиша дека сè уште ги има чизмите на таванот од старата куќа, алудирајќи на воени чизми.

Но, на социјалните мрежи предизвика бројни реакции кај граѓаните кои велат дека Дардишта тоа не го прави за „идеали“, туку поради губење на привилегиите на власта.

Џип Мерцедес, вреден околу 150 илјади евра, е во сопственост на сопругот на Шкодране Дардишта. Ова се фотографиите што ги испратија граѓани кои се фотографирале при влегување во една од кафетериите во Скопје, објави порталот INFOMAGAZINE.NET

Од објавата на Дардишта засга се оградија Телеком каде таа е надворешен член на одборот , а лидерот на ДУИ ја искара дека таквиите изјавои не се во корист на партијата и каузата“.

Нема реакции дали Обвинителство ќе се заинтересира за јавната закана со војна.