Куштрим Рамадани, директорот на МЕПСО засега е единствениот државен функционер кој не се обидува да ја релативизира енергетската криза пред која се наоѓа Македонија.
За разлика од него на пример министерот за економија Крешник Бектеши или директорот на ЕСМ Васко Ковачевски смируваат со тоа што најавија денеска дека Владата ќе прогласи енергетска криза, а неофицијално најавени се и можни разрешувања на некои функционери од овој сектор.
„По вчерашното исклучување на РЕК Битола повторно преземавме струја од европскиот пазар. Не се знае што ќе правиме со јагленот и дали освен РЕК Битола ќе може да се стави во функција и ТЕЦ Осломеј. Секако ситуацијата со нула домашно производство не е добра и не ни оди во прилог“, изјави вчера Рамадани за Фактор.
Електрани на Северна Македонија пред два дена купи струја за 1,1 милиони евра, потребна само за три дена, до денеска.
Цената по која денес се купува струјата за еден мегаватчас е од 199 евра до 259 евра. ЕСМ за потребите на домаќинствата ја продава струјата за 37 евра за еден мегаватчас.






