ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев седи позади неговиот ФБ статус, нека го исполни ветувањето и нека поднесе оставка

Со оглед на фактот што цели осум дена го нема никаде во јавност Зоран Заев кој инаку најави оставка и го снема, отвораме дилема дали вистински седи и позади неговиот последен ФБ статус. Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ФБ, кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук објавата на Заев.



– Кога збори Заев за кауза, за ЕУ, Бугарија и Охридски договор, треба да се знае дека мисли единствено за заштита на криминалот, тендерите, кражбите во РЕК. Единствено Заев е загризен за фотелјата не и за иднината на државата, потенцираат од партијата.

Заев претходно објави дека за пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда и дека се загрозувале Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор.

Тој напиша и дека позади неговата кауза стојат мнозинство граѓани и мнозинство пратеници.