„Професорот не ја поднесе формално оставката, но јас донесов одлука да се прекине договорот, бидејќи тој дозволи меѓу два изборни круга политиката да влезе и сериозно да ја компромитира Комисијата“, вели две недели подоцна министерот за надворешни работи Бујар Османи кој одлучил да се прекине договорот со професорот Ванчо Ѓоргиев, кој беше член на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања
Ѓорѓиев тврдеше дека имал притисоци од висок функционер од МНР во работата на Комисијата. а Османи тогаш најави истрага во врска со обвинувањата на Ѓоргиев
„…другите членови, кои едногласно кажуваат дека никогаш немало притисоци од Владата или од МНР и дека се изненадени од таквиот став. Имајќи го предвид периодот на оставката, јасно е дека е политички компромитиран процесот во неговиот случај и тој договор треба да се прекине и да се најде нов член. Јас очекувам самата комисија да ми предложи нов член, тие ги знаат експертите, знаат од која област им фали, а јас потоа да го предложам до Владата – вели министерот Османи за „Слободен печат“.







