Рафајловски: Главната флоскула на владата беше „Утре е нов ден“, а се однесуваме „Купи ден помини“

„Утре е нов ден беше главната флоскула на оваа влада, а се однесувавме купи ден помини“ – коментира финансискиот консултант и аналитичар, Горан Рафајловски. Тој во емисијата „Утрински брифинг“ вели дека државата и раководството ни спијат за енергетската криза, ги терале граѓаните да купуваат инвертери, а сега струјата ќе поскапува.



„На пример во месец мај Италија ги обезбеди сите потребни количини струја што може да ги произведе Босна и Херцеговина. Не сакам да верувам дека имаме толку неподготвени институции“ вели Рафајловски.

“Косово, да бидеме начисто нема да ни даде јаглен, а реално ние не извршивме ни редовно одржување на РЕК Битола. За ваквата ситуација оставката е најмалку што може да си поднесат тие луѓе кои стоеа зад оваа стратегија“ вели тој.

Рафајловски вели дека компаниите кои добавуваат струја беа убедени дека ќе обезбедат ниска цена на струјата.

Тој вели дека одлуките сега треба да бидат многу рационални, а дека струјата сигурно ќе поскапи, па државата ќе мора да интервенира со високи суми од буџетот.

-Ние под итно треба да тргнеме со гасификација, не да спиеме. Тековната криза можеме да ја надминеме со набавка на скапа струја од Норвешка која единствено е достапна на пазарот, а понатаму ќе работиме да го поправиме РЕК да купиме нов багер, конечно да ги изградиме Чебрен и Галиште и на крајот потребни се храбри одлуки а нив може да ги донесат само луѓе што знаат, вели за УБ, Рафајловски.