„Генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари денеска изјави дека се очекува оставката на премиерот Заев да стигне до Собранието: ‘Се надевам дека неговата оставка ќе биде процесуирана и дека нема да има потреба од гласање доверба на Владата. Тогаш оној што ќе собере 61 потпис мора да ги депонира кај претседателот. По 10 дена ќе го земе мандатот и ќе ги започне преговорите за формирање на новата Влада.“ – јави весникот „Лајм“.
„Според Таравари, ‘бродот на Заев тоне и сега поделениот СДСМ не знае кој го води: ‘Вчера го слушнавме Ахмети дека е подготвен да разговара и со ВМРО и со СДСМ. Значи, немаше многу нешто против ВМРО ДПМНЕ, а тој ја имаше целата кампања против ВМРО ДПМНЕ.“
„Гостиварскиот градоначалник Таравари рече дека ДУИ ќе остане во опозиција по две-три недели: ‘Повеќето од политичките партии, кои се во во моментов дел од Владата, имаат интерес да формираат ново мнозинство. Особено без присуство на ДУИ, бидејќи ДУИ е рак, канцер, и со тоа што оваа партија оди во опозиција се раѓа нова надеж, особено за Албанците.“ – информираше „Лајм“.





