Првиот човек на МЕПСО Куштрим Рамадани вели дека ситуацијата е лоша, а од утрово Македонија повторно презема струја од европската мрежа…
Заради дефект во котелот на Блок 1, целиот бпок е исклучен синоќа во 3 часот наутро. Со ова практично, домашното производство е сведено на нула, а струја на располагање има од увозот кој го направи ЕСМ и сосем минимално од хидропотенцијалот.
Рамадани вели дека мора брзо да се реагира и дека во моментов топлото време е на наша страна.. (Фактор)






