Професорката Дарија Андовска прави паралела меѓу однесувањето на членовите на Хелсиншкиот комитет за човекови права кон академик Катица Ќулавкова и кон директорката во Телеком Дардишта која се закани со војна.
Андовска потсетува дека иако твитот на Ќулафкова беше бениген и ни оддалеку не беше заканувачки таа беше “Растргната” од организацијата која ја води Уранија Пировска а се декларира како група за заштита на човекови права.
За разлика од случајот со академик Ќулафкова на која Хелсиншкиот комитет дури и поднесе и кривична пријава сега организацијата молчи за говорот на омраза и заканите за конфликт на Дардишта.
“Ви текнува кога овие вриштачите од хелсиншки организираа линч на академик Катица Ќулавкова за твит, кој ни од далеку не беше налик на овој со чизмите на Шкодране, туку беше во контекст на непочитување мерки во пандемија?
Види ги сега, ама ги имат снемано, бубачиња 😘
Па уште и некои од “соборците” нивни со поддршка за ваквите испади излегоа.
Хипокризија и тројни аршини за извоз”, пишува Андовска која прави паралела за двојните стандарди на наводните борци за човекови права.
Директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права е Уранија Пировска која деновиве не кажа ни збор за заканите за војна од Дардишта.
Кој се е член на раководството на оваа организација дава делумен одговор зошто нема осуда за Дардишта.
Што кажа лани академик Ќулафкова во текстот:
Фрчкоски меѓу подносителите на кривичната пријава за академик Ќулавкова






