РЕК Битола, од утрово не произведува струја, неофицијално потврдуваат од ЕСМ, откако се случил дефект поради што од функција е исфрлен и првиот блок на термоелектраната..
Во моментов потребните количини на електрична енеегија се влечат од меѓународната мрежа.
Количините не се големи но се стравува дека ако дефектот во блокот не се санира во попладневните часови ќе бидат поголеми.
Претходно поради хаварија во РЕК надвор од функција беа вториот и третиот блок поради што производството беше потпрено само на еден блок но во моментов и тој не работи.
Македонија во моментов најголемиот дел од потребите за електрична енергија ги увезува. Цената на струјата на берзата се продава и по повеќе од 200 евра за мегават час.
Пред два дена во РЕК Битола избувна пожар кој направи сериозни оштетувања на трансформаторот на блок 3. Тогаш официјално беше соопштено дека за производство на струја нема да се користи блок 3, туку ќе се рестартира блок 2.
Како што беше најавено, утре комисијата предводена од министерот за економија Крешник Бектеши ќе бара од Владата прогласување кризна состојба.







