До 14,30 часот ќе се чека премиерот Зоран Заев да ја поднесе најавената оставка дадена неколку часови по завршување на вториот круг од локалните избори.
Бидејќи е неизвесно дека тоа ќе се случи, во Собранието ќе биде поднесена иницијативата за избор на нова влада на која веќе се потпишани 61 пратеник, најави вчера Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Веднаш потоа претседателот на Собранието Талат Џафери, треба да ја почне процедурата за свикување на собраниска седница, а рокот за тоа е три дена, односно в четврток.







