Несими: Зошто ДУИ се грижи за ЕУ-агендата ако е опозиција? Ќе ја дестабилизира ли тогаш државата?

„Зошто Демократската унија за интеграција се вознемирува за европската агенда на Македонија, ако биде во опозиција? Освен ако таа планира да ја дестабилизира земјата, во случај да стане опозициска партија, како што предупредија некои нејзини експоненти.“ – вели политичкиот аналитичар Роберт Несими во својата колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

„Според официјалните ставови на челниците на ДУИ, изнесени во јавноста, тие во прв план го имаат интересот на државата да го задржи својот европски курс. Ако е ова вистина, тогаш ДУИ нема зошто да се вознемирува, бидејќи европската агенда може да ја поддржува и кога е во опозиција. Довчерашната опозиција ова го има потврдено во безбројни случаи. Парламентарното мнозинство беше повеќе од кревко и албанската опозиција него често го поддржуваше во случаите кога навистина се доведуваше во прашање евроатлансткиот курс на Македонија. Значи, довчерашната опозиција потврдила дека европската агенда може да се поддржува и кога една партија е во опозиција.“

„Не е јасно зошто ДУИ е вознемирена за европската агенда, ако таа останува во опозиција. Освен ако таа планира да ја дестабилизира земјата, во случај да биде во опозиција, како што предупредија некои нејзини експоненти. Не е јасно зошто ДУИ мисли дека земјата не е стабилна, кога во неа не се случува ништо вонредно. Едноставно, имаме работа со уривање една Влада и нејзино заменување со друга Влада. Тоа е основниот столб на секој демократски систем. Повторно, освен ако ДУИ се смета самата себе си како фактор на дестабилизација на државата, во случај да остане во опозиција.“

„ДУИ најпрвин самата со себе треба да си ги расчисти овие дилеми. Дали е поважен европскиот курс на Македонија, или опстојувањето на ДУИ во опозиција? Ако е поважно ова првото, тогаш нема потреба за никакво обеспокојување.“ – заклучува Роберт Несими во својата колумна објавена на порталот на ИНА.