„Ние, за жал, живееме во време кога киното веќе не е храм на уметноста, како што беше за време на шеесеттите, седумдесеттите, па дури и на осумдесеттите години“, изјави Кустурица.
„Ги нема времињата како кога бев студент, кога Жика Павловиќ ќе направеше нов филм, а потоа цела екс Југославија се обидуваше да биде како Жика Павловиќ. Или, пак, одиш во Венеција, Антониони направил мега филм, и секој се обидува да биде Антониони. Наредната година, пак, доаѓа Бергман, па сите сакаат да бидат како него”, изјави Кустурица.
Тој рече дека технологијата „го направи тоа што го направи“, и дека, киното ќе заврши како операта, бидејќи секој град ќе има најмногу едно кино со седум или осум сали, а се друго ќе се гледа на телефон, дома и други слични форми.

„Бројот на филмовите се зголеми, но не и на филмовите како што беа делата на Жика Павловиќ. Зошто не? Па сите романи кои се напишани зависат од временските услови, но и од тоа што ни го носи времето. Така нас ова време не престрои на вулгарности, што всушност претставува политичко оружје кое го насочува вниманието кон она што ни е потребно “, изјави Кустурица.
Според него, во светот никогаш немало толку многу добри уметници, но никогаш не бил толку мал просторот на пазарот, и плус, нееднакво распореден.
![]()
Кустурица истакнува дека во Америка постојат пет автори кои направиле фантастични филмови, но не можат да се истакнат на „тој тесен простор“, бидејќи во Холивуд владее насилството и таму тие не может да минат.





