Утре во 14,30 ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе иницијативата за изгласување недоверба на актуелната влада, изјави на денешната прес конференција лидерот Христијан Мицкоски.



Тој сепак остави можност дека утре сепак премиерот Зоран Заев можеби ќе си го исполни ветувањето да поднесе неотповиклива оставка на која ја најави веднаш по вториот круг од локалните избори.

Запрашан дали очекува актуелниот премиер да се повлчече, Мицкоски рече дека ништо не очекува.

Запрашан дали новото парламентарно мнозинство е доведено во прашање бидејќи еден пратеник бил против, Мицкоски рече дека тој таква изјава не случнал од Скендер Реџепи за кој рече дека верува во неговата чесност и честитост. Но дека слушнал една друга изјава од Речепи: дека оваа корумпирана и криминална влада треба да замине.