20 милиони евра за „влечењето“ струја од европската мрежа за само еден месец

Заев купува струја за 5.5 милиони евра, тајно без никој да знае. 26.000 мегавати струја се купени за 5.5 милиони евра од ЕЛЕМ, затоа што владата на Заев ги испразни електраните и го остави РЕК без јаглен, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



„Заедно со првите 15 милиони евра кои ги плати МЕПСО за еден месец за крадење од европската мрежа, тоа се 20 милиони евра кои државата ги дава заради апашлукот на Заев, за да не остане без струја.

Заев на почетокот на зимата го остави РЕК без јаглен. Само 40.000 тони јаглен, што е доволно за само три дена се наоѓа на депонијата на РЕК.

На државата буквално и се заканува да снема струја“, предупредуваат од партијата.