Гаши: Наша цел е да се урне оваа власт

„Покрената е иницијатива за рушење на актуелната власт. Ние како опозициска партија не можеме, а да не ја потпишеме иницијативата за рушење на власта.



Секоја опозициска партија има должност да го смени мнозинството. Ова е првиот чекор. Исто така докажавме дека имаме 61 пратеник, а верувам дека во иднина бројката ќе се зголемува“, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во гостување на ТВ Алсатвели Гаши.

Според него, принципот на „Алтернатива“ е да се следи евро-атлантскиот курс на земјата.

„Мора да се следат процедурите доколку има нова влада, ново мнозинство кое го следи евроатлантскиот курс, што не е отстрането од нашите интеграции во ЕУ, односно од основните принципи што ги имаме со нашите партии, но и што ги имаме дефинирано како држава.

Секако дека можеби нема да има ново мнозинство, но да не се откажуваме од нашите партиски принципи“, изјави Гаши.